Политичка и воена Алијанса
Политичка и воена Алијанса
Политичка и воена Алијанса
Целта на НАТО е да ги гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства.
ПОЛИТИЧКИ – НАТО промовира демократски вредности и обезбедува постојана структура за нејзините членки да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за решавање проблеми. Редовните консултации им овозможуваат на членките на НАТО да ги споделат нивните ставови, да разменат информации, да изградат доверба, да ги решаваат проблемите и, на долгорочен план, да спречат конфликти.
ВОЕНИ – НАТО е посветена на мирно решавање на споровите. Доколку дипломатските напори не успеат, таа ја има потребната воена моќ за да ги одбрани сите нејзини членки - како што е наведено во член 5, клаузулата за колективна одбрана од основачкиот договор на НАТО. Исто така, може да спроведе операции за управување со кризи за да овозможи зачувување на мирот и стабилноста на меѓународната сцена, самостојно или во соработка со други земји и меѓународни организации.