Што е НАТО?

Изберете тема & откријте го НАТО

1 Земји-членки

Членки на НАТО

Најважни играчи во Организацијата на Северноатлантскиот договор се самите земји-членки.

Моментално има 32 членки

Сортирај по азбучен ред   или  Сортирај по датум

  • Албанија (2009)
  • Белгија (1949)
  • Бугарија (2004)
  • Германија (1955)
  • Грција (1952)
  • Данска (1949)
  • Естонија (2004)
  • Исланд (1949)
  • Италија (1949)
  • Канада (1949)
  • Летонија (2004)
  • Литванија (2004)
  • Луксембург (1949)
  • Норвешка (1949)
  • Обединетото Кралство (1949)
  • Полска (1999)
  • Португалија (1949)
  • Романија (2004)
  • Северна Македонија (2020)
  • Словачка (2004)
  • Словенија (2004)
  • Соединетите Држави (1949)
  • Турција (1952)
  • Унгарија (1999)
  • ФИНСКА (2023)
  • Франција (1949)
  • Холандија (1949)
  • Хрватска (2009)
  • Црна Гора (2017)
  • ЧЕШКА (1999)
  • ШВЕДСКА (2024)
  • Шпанија (1982)

Проширување на НАТО

Членството во НАТО е отворено за „секоја друга европска држава која е во ситуација да ги унапредува принципите на овој Договор и да учествува во безбедноста на Северноатлантската област“.

 
 
 
Илустрација на состанок на НАТО

2 Основни точки

< >

2.1 Политичка и воена Алијанса

Безбедноста во нашите секојдневни животи е клуч за нашата добросостојба. Целта на НАТО е да ги гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства.

ПОЛИТИЧКИ – НАТО промовира демократски вредности и им дава можност на членките да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за решавање проблеми, градење на довербата и, на долгорочен план, спречување конфликти.

ВОЕНО – НАТО е посветена на мирно решавање на споровите. Доколку дипломатските напори не успеат, таа ја има воената моќ да преземе операции за управување со кризи. Тие се извршуваат според клаузулата за колективна одбрана на основачкиот договор на НАТО – Член 5 од Вашингтонскиот договор или според мандат на Обединетите Нации, самостојно или во соработка со други земји и меѓународни организации.

2.2 Колективна одбрана

НАТО е посветена на принципот дека напад врз една или неколку од нејзините членки се смета како напад против сите. Тоа е принципот на колективна одбрана, што се содржи во Членот 5 од Вашингтонскиот договор.

Досега, повикување на Членот 5 е направено еднаш – како одговор на терористичките напади на 11 септември во Соединетите Американски Држави во 2001 година.

2.3 Трансатлантска врска

НАТО е алијанса на земји од Европа и Северна Америка. Таа обезбедува единствена врска меѓу овие два континенти со што им овозможува да се консултираат и да соработуваат на полето на одбраната и безбедноста и заедно да спроведуваат мултинационални операции за управување со кризи.

2.4 Стратешкиот концепт од 2022 година

Стратешките концепти ги поставуваат суштинските задачи и принципи на Алијансата, нејзините вредности, развојната безбедносна средина и стратешките цели на Алијансата за следната деценија. Стратешкиот концепт од 2022 година повторно потврдува дека клучната цел на НАТО е да обезбеди колективна одбрана на своите членки, заснована на пристап од 360 степени, и наведува три суштински задачи - одвраќање и одбрана, спречување и управување со кризи и кооперативна безбедност.

 
 

3 Активности

< >

3.1 Одлуки и консултации

Секој ден, земјите-членки се консултираат и носат одлуки за безбедносни прашања на сите нивоа и во мноштво области.

„Одлука на НАТО“ е израз на заедничката волја на сите 32 земји-членки со оглед на тоа што сите одлуки се носат со консензус.

Стотици функционери, како и цивилни и воени експерти, доаѓаат во седиштето на НАТО секој ден за размена на информации, споделување идеи и помагање во подготовката на одлуките кога е потребно, во соработка со националните делегации и персоналот во седиштето на НАТО.

3.2 Операции и мисии

  • Авганистан   Косово
  • Обезбедување на Медитеранот
  • Поддршка на Африканската Унија

НАТО презема активна улога во широк опсег на операции и мисии за управување со кризи, вклучувајќи и цивилни итни операции.

Операциите за управување со кризи на НАТО се спроведуваат според Членот 5 на Вашингтонскиот договор или според мандат на Обединетите Нации.

3.3 Партнерства

НАТО работи со многу земји кои не се членки на широк опсег на политички и безбедносни прашања. Тие земји спроведуваат дијалог и практична соработка со Алијансата и многу од нив учествуваат во операции и мисии предводени од НАТО. НАТО, исто така, соработува со широка мрежа на меѓународни организации.

Земјите-партнери го немаат истото овластување за одлучување како земјите-членки.

 Дознајте повеќе
за партнерствата на НАТО

3.4 Развој на средствата за одговор на закани

НАТО отсекогаш се менувала и прилагодувала за да се увери дека нејзините политики, способности и структури ќе се соочат со тековните и идните закани, вклучувајќи ја и колективната одбрана на нејзините членки.

 
 

4 Клучни настани

 

1989

1989

Падот на Берлинскиот ѕид

1991

НАТО развива партнерства со поранешните противници по распадот на
Советскиот Сојуз

1995

НАТО се ангажира во својата прва операција за управување со кризи во
Босна и Херцеговина

2001

Големите терористички напади во Њујорк и Вашингтон.

За прв пат, НАТО се повикува на Членот 5 и усвојува поширок пристап кон безбедноста

2003

2003

НАТО ја презема командата на Меѓународните сили за помош во безбедноста – ISAF – во Авганистан

 ОДЕТЕ ВО МОДУЛОТ ЗА ИСТОРИЈА НА НАТО

5 Работни структури

Земји-членки

 
Воен комитет

Меѓународен воен персонал

 
Преглед на органиграмот